Дали ова е трик на Червар – и порано поднесуваше оставка, па се враќаше

По срамниот пораз од Аргентина со 23-19, селекцијата на Хрватска остана со мали шанси да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Египет.

Веднаш по овој натпревар, селекторот Лино Червар во изјава откри дека поднесува оставка и дека заминува од клупата.

„Нема да размислувам за оваа одлука, сеокгаш држев до моите високи критериуми. Нов човек треба да ја преземе репрезентацијата“, вели Червар.

И додека од ХРС бараат замена за Червар, постои мала можност дека сето ова е само – трик. Червар го има направено истото ова на ЕП 2010 година во Австрија, пишува хрватскиот „24 сата“.

„Најавувам заминување од селекторското место, иако имам договор до крајот на годината. Ќе ги водам момците на турнирот, а потоа заминувам. Една од причините е тоа што во мојата околина постои отпор околу создавањето на млад тим за ОИ 2012“, изјавил Червар пред 11 години токму пред дуелот со Данска на ЕП.

Неколку часа подоцна, сето тоа е демантирано и Червар остана селектор.

Сега е слично, ист е следниот ривал, одлучувачки натпревар, но различно е натпреварувањето..Дали е само трик, или Червар навистина заминува од клупата ќе дознаеме многу наскоро.