Македонија ќе игра во Президент Купот во Плоцк и ќе се разигрува за пласман од 25 до 32 место на Светското првенство.
По дуелите со Норвешка и Холандија кои беа загубени со 18-11 на полувреме, а на крајот имавме порази од десет, односно 12 гола разлика, исто ни се пишува и против Аргентина.
На полувреме од дуелот со јужноамериканскиот ривал, Македонија исто така губи со 18-11.
Како што стојат работите во моментов, ако Тунис загуби од Данска, Македонија ќе биде единствената европска селекција на Президент Купот.