Дали Вардар беше оштетен во финишот? Погледнете ја последната акција на Порто (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар беа блиску до победа, но останаа само со бод против Порто по мечот кој заврши 25-25. По 22-24, вардарци со три гола во серија направија пресврт 25-24, но во последниот напад Ареја даде гол. Сепак на голот му претходеше една акција за цепелин, која Силва не успеа да ја реализира и без фаул остана во полето од шест метри на Вардар, а судиите Јуриновиќ и Мрвица не досудија ништо, иако тоа според правилата е престап и топката требаше да му припадне на домашниот тим. Топката среќно стигна до Ареја, кој погоди во голот на Ристовски, а потоа и провоцираше, но мешаницата бргу се расчисти. Погледнете...