Поранешниот десен бек на Вардар, Даинис Кристопанс, најверојатно ќе ги пропушти квалификациските средби на Летонија за пласман на Европското првенство.
Кристопанс стана татко на 31 октомври, а неговата сопруга Доминика и синот Даниел се наоѓаат во Словачка, а таму веќе отпатува и десниот бек на ПСЖ.
Се уште не е јасно дали тој ќе се појави на репрезентативниот собир или ќе остане со семејството во Словачка. Кристопанс имаше забелешки кон ЕХФ за начинот на организација на квалификациите за ЕП.
„Ако некој има позитивен тест, треба и клубот и националниот тим да одат во карантин. Не знам зошто ЕХФ не направи како што ФИБА или ЦЕВ со кошаркарските и одбојкарските квалификации со турнири на едно место, тоа ќе беше многу побезбедно отколку вака. Голем број од натпреварите веќе се откажани, а уште некои и ќе бидат откажани. Затоа не можам сега ништо да кажам околу приклучувањето на националниот тим“, вели Кристопанс за веб сајтот на летонската федерација.
Првиот дуел на Летонија на гости кај Норвешка е одложен, додека вториот двобој во Валмиера против Белорусија најверојатно ќе се одигра на 8 ноември.