Даев пред дербито: Не чека еден од најтешките натпревари сезонава

В четврток ќе се одигра дербито во Првата лига меѓу досега непоразените екипи на Алкалоид и Голден Арт.

Двата тима имаат по седум победи и против другите ривали триумфираа без никакви проблеми, но по нивниот меч, една екипа ќе остане да го води прволигашкото оро.

Кружниот напаѓач на Голден Арт, Давид Даев, очекува еден од најтешките натпревари оваа сезона.

„Натпревар кој со сигурност може да кажам дека ќе биде еден од најтешките оваа сезона, дуел на две непоразени екипи во досегашниот тек од првенството. Подолг период се подготвуваме за нашиот следен противник, а сигурен сум дека натпреварот ќе го добие тимот кој ќе има поголема желба за победа. Алкалоид е фаворит на овој натпревар имајќи предвид дека е домаќин, досегашните резултати и во својот ростер имаат голем број репрезентативци во сите возрасни категории. Се надевам на фер и коректна игра и нека победи подобриот“, изјави Даев.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Голден Арт се игра во четврток во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.