После новата победа против Вардар, тренерот на Веспрем, Давид Дејвис уште еднаш има причина да биде задоволен од гостување во Скопје така што позитивно се враќа во Унгарија. Тој и неговите момци останаа во чекор со тимот на Кил така што е сосема јасно дека ќе имаат можност позитивно да ја дочекаат паузата во Лигата на шампионите.
„Ова беше комплициран натпревар за нас бидејќи имавме повредени ракометари и дојдовме некомплетни. Сепак, и Вардар не беше комплетен. За нас е задоволство што успеавме да победиме со девет гола разлика. Среќен сум што си заминуваме со победа која не искачува на 2. место на табелата и не остава во трка со Кил за првото место и директен пласман во четврт-финалето“, изјави Дејвис на пресот после средбата.
Инаку, Веспрем е на само два бода зад Кил и со најголеми шанси да му парира до крајот за да може да го скокне осминафиналето.