Египетскиот тим Ал Ахли, чиј тренер е екс вардаровиот стратег Давид Дејвис, остана без важен ракометар за вториот дел од сезоната.
Станува збор за бразилскиот лев бек Раул Нантес, кој се пресели во Египет на почетокот на сезоната од романскиот првак Динамо Букурешт.
Тој замина по само една полусезона од Египет и потпиша договор со францускиот тим Лимож, кој е трениран од Алберто Ентрериос.
Договорот има важност до крајот на оваа сезона, а ќе биде замена за повредениот Давид Иглесиас.
32-годишниот Бразилец играше за Пињеирос и Сао Каетано во татковината, шпанските Адемар Леон, Виља Де Аранда и Анаитасуна, за француските Трембле и Бијер, а во Романија освен за Динамо играше и за ЧСМ Букурешт.