Поради тоа што тренерот на Монпелје, Патрис Канаје е болен, на прес конференцијата после натпреварот се појави неговиот помошник, Давид Дегој кој имаше пофалби за Вардар.
Тој искажа задоволство што од Скопје ќе си заминат со бодови, а јасно е дека ова долго го чекаа бидејќи досегаа немаа многу среќа во СЦ „Јане Сандански“.
„Задоволни сме што усеавме да победиме на овој натпревар. Игравме против Вардар, кој е силен тим и кој го респектираме. Одигравме цврст натпревар и среќни сме поради оваа победа. Се надевам дека Вардар ќе остане во Лигата на шампионите и во следните сезони. Се работи за силен тим со голема историја зад себе и потребен е на ова натпреварување“, изјави Дегој.
Монпелје со оваа победа не доби премногу бидејќи тимот на Келце славеше против Кил, па само ја задржа 4. позиција.