Давид Даев: Спремни сме да се спротивставиме секому (ВИДЕО)

Ќотекот е дел од спортот, особено ракометот. Пикерите се играчи кои најмногу се изложени на погруба игра од противниците. Давид Даев лани одигра одлично, а сега повторно е меѓу носителите на играта во тимот на Голден Арт. Истовремено е и капитен на тимот. Екипата се подготвуваше во Струга, а неделава настапува на турнир во Охрид. Целта на скопјани е да бидат меѓу Топ-8 екипите во домашното првенство. Настапите во Охрид ќе покажат колку се блиску до остварување на целта.