Кружниот напаѓач Давид Даев по една одиграна сезона во тимот на прволигашот Шампион се враќа во Голден Арт.
Даев одигра одлично во Шампион и беше меѓу најзаслужните што тимот обезбеди бараж за Суперлигата, но не успеа против Радовиш.
Пикерот ќе ја зголеми конкуренцијата на линијата од шест метри во составот на Никола Матлиески.
Даев претходно беше дел и од тимот на Пролет, а сега ќе се обиде да му помогне на Голден Арт да се избори за место во елитното друштво.