Во новата сезона тимот на Голден Арт ќе има нов капитен, тоа ќе биде кружниот напаѓач Давид Даев.
Како еден од играчите со најдолг стаж на тимот, Давид беше едногласно избран од своите соиграчи да биде капитен. Даев го налседува Ивица Илиев.
Младиот пиовотмен на Голден Арт лани имаше одлична сезона и беше избран и за играч на колото во изборот на 24Ракомет.
Голден Арт ги почна подготвките за новата сезона со четири нови ракометари и со подмладен тим. Целта е да се биде стабилен тим кој ќе ја чека шансата да дојде во плејофот.
Тимот ќе се подготвува во Скопје, потоа заминува во Струга и ќе игра на турнир во Охрид.
Голден Арт со тројца новаци ги започна подготовките за новата сезона (ФОТО)