Голманот на кадетската репрезентација на Македонија, Давид Брестовац, и во новата сезона ќе остане во Германија.
Брестовац, кој со Македонија го освои деветтото место на СП во Хрватска, ја продолжи соработката со тимот на Котбус.
Тој потекнува од Металург, бранеше во Автокоманда, пред да замине во Германија, каде лани имаше одлични партии.
Тимот на Лаусицер Котбус има амбиции за пласман во Третата лига, па Брестовац и колегите ќе се обидат да ја остварат целта во новата сезона.