Давидовиќ за 24Ракомет ТВ: Турнирот во Охрид е на топ ниво (ВИДЕО)

Повеќе детали за турнирот во Охрид 2023, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… ќе можете да најдете во делот посветен за турнирот на www.24rakomet.mk во главното мени на страната што ќе биде активен во вторник на 22 август 2023.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.

Ракометарите на Татран Прешов се израдуваа на првата победа на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“. Словачкиот вицепрвак триумфираше против Бутел Скопје со 32:25, но мораше да нагази во вториот дел за да дојде до посакуваната победа. Еден од најдобрите поединци во составот на Татран Прешов, Марко Давидовиќ, за 24Ракомет ТВ истакна дека клучот за победата била поголемата ротација на неговиот тим во однос на Бутел Скопје. Искусниот ракометар зборуваше и за амбициите на Татран Прешов во домашниот шампионат. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот...