Дабевска за 24Ракомет ТВ: Може да се случи чудо ако во нас проработи балканскиот инает (ВИДЕО)

 

Македонија заедно со Црна Гора и Словенија од денеска се домаќини на Европското првенство во женска конкуренција. Македонија е во група со репрезентациите на Франција, Холандија и Романија. Прв предизвик за ракометарките на Македонија ќе биде утрешниот дуел против олимпискиот првак Франција. Кружниот напаѓач Сања Дабевска истакна дека сѐ може да се случи на шампионатот доколку во македонската селекција проработи балканскиот инат. Целата изјава на Дабевска може да ја погледнете на видеото во продолжение...