Коронавирусот направи вистински хаос на Европското првенство, секојдневни тестирања, позитивни резултати па изолација.
Голем број пропуштени натпревари заради карантин, а некои ракометари и после предвидената изолација повторно имаа позитивен тест.
Ваков проблем имаше чуварот на мрежата на репрезентациајта на Исланд, Бјоргвин Пал Густавсон кој после петдневниот карантин излезе од изолација, настапи на еден натпревар, но утредента пак мораше во изолација.
Веднаш беше вратен во карантин бидејќи вредноста на ЦТ била недозволена. Својот револт Густавсон го изрази на Твитер.
And in english… @EHFEURO pic.twitter.com/sEwDsvxFow
— Björgvin Páll Gústavsson (@BjoggiGustavs) January 26, 2022