Екипата на Мулти Есенс е нов шампион во кадетска конкуренција, откако во финалето на Ф4 турнирот, на кој воедно беше организатор, ја совлада Струга со 31:29.
По прогласувањето на новиот кадетски шампион, беа доделени индивидуалните признанија за најдобрите и беше избран ол стар тимот.
За најдобар стрелец на кадетскиот Ф4 беше прогласен членот на Струга, Филип Мечкароски. Стружанецот одигра на висина на задачата и постигна вкупно 17 погодоци.
Мечкароски во ланската сезона беше МВП на завршницата кај кадетите, па така уште еднаш покажа дека во него има голем потенцијал.
За најдобар играч, односно МВП, признанието заврши во рацете на Христијан Гурмешевиќ, кој беше еден од најзаслужните за шампионската титула на неговиот тим.
Григор Трајковски, исто така член на Мулти Есенс, ја доби наградата за најдобар голман на завршниот турни кај кадетите.
Во ол стар тимот се најдоа тројца ракометари од новиот шампион, двајца од Струга и по еден од Еурофарм Пелистер и Голден Арт.
Олстар теам – кадетски Ф4
голман – Стефан Јорданов (Мулти Есенс)
лево крило – Стефан Трајчевски (Еурофарм Пелистер)
лев бек – Антонио Наковски (Голден Арт)
среден бек – Давид Јаневски (Мулти Есенс)
десен бек – Бобан Мечкароски (Струга)
десно крило – Јован Петрески (Струга)
пикер – Јаков Трајковски (Мулти Есенс)