Гурбиндо: Среќен сум што победивме, ќе играме уште подобро

Најзвучното засилување на Вардар за претстојната сезона, Едуардо Гурбиндо вчера пристигна во тимот и веднаш го имаше својот прв настап на дуелот против Бутел Скопје.

Гурбиндо го постигна победничкиот погодок на натпреварот, а по завршувањето ги сподели првите впечатоци од екипата и новите соиграчи.

„Денеска играв во поинакви услови на отворен терен, најважно е што го одиграв мојот прв меч со новиот тим. Победивме со еден гол разлика и знаеме дека треба да ги подобриме нашата тактика и одбрана. Ова беше мојот прв контакт со соиграчите, среќен сум што победивме и сигурно ќе играме уште подобро. Јас сум нов во екипата и сите беа многу љубезни кога пристигнав, соиграчите зборуваат англиски, шпански, француски и нема да имаме проблем. Вчера беше мојот прв ден со екипата после еден месец со репрезентација, ќе се обидам да се прилагодам на тимот најбрзо што можам. Ова е само почеток, продолжуваме понатаму“, изјави Гурбиндо.

Шпанецот кој освои бронзен медал со својата репрезентација на Олимписките игри веќе утре ќе има можност вторпат да настапи за Вардар и да го освои првиот трофеј со новиот клуб.