Раководството на унгарскиот гигант Веспрем е во потрага на наследник на шпанскиот стратег Давид Дејвис. Низ унгарските медиуми се шпекулира дека Веспрем би можел да добие не еден, туку двајца тренери.
Станува збор за клупските легенди Петер Гулјаш и Момир Илиќ. Гулјаш ја заврши кариерата во 2017 година, Илиќ во 2019 година на финалето од ЛШ против Вардар, а две сезони работат во младинскиот тим на Веспрем.
Се споменува и името на Чема Родригес, уште еден екс играч на Веспрем, кој ја води португалска Бефика.
Веспрем сезонава не одигра според посакувањата, освои само Куп титула во Унгарија, а беше елиминиран во четвртфиналето на ЛШ и ја загуби титулата во првенството од ПИК Сегед. Затоа мораше да бара вајлд-карта за елитното натпреварување, што сигурно ќе ја добие.