Поранешната репрезентативка на Шведска, Изабел Гулден, нема да биде активна на терените во новата сезона.
Искусната ракометарка, која во минатата сезона се врати во својата татковина и потпиша за Луги, ќе паузира поради бременост и по втор пат ќе стане мајка.
Гулден на Европско првенство 2020 ја заврши својата кариера во репрезентативниот дрес.
Во сезона 2016/17 и 2021/22 ја освои Лигата на шампионите, но со два различни тимови. Најдобрата шведска ракометарка во последната деценија првата титула во европската елита ја освои со ЧСМ Букурешт, додека втората со Вајперс Кристијансад.
На клупско ниво го носеше дресот и на Савехоф, Виборг и Брест Бретањ и со сите три тимови имаше забележителни резултати.