Екипата на Вајперс Кристијансанд ја одбрани титулата во Лигата на шампиони за жени откако во финалето го совлада Ѓер со 33:31.
Една од најзаслужните за победата беше Елизабет Гулден која натпреварот го заврши со шест погодоци и се закити со нов трофеј од Лигата на шампионите. После натперварот Гулден зборуваше за 24Ракомет.
„Ја посакувавме победата, игравме стабилно во текот на натперварот, чувствував дека ја имавме контролата на играта. Се беше одлично. Секако дека првата титула во Лигата на шампиони ми е повеќе драга, но и ова ја сметам за посебна бидејќи веројатно ќе биде последна за мене. Двете титули за мене се посебни на свој начин и не можам да одберам една“, изјави Гулден.
За Швеѓанката Гулден ова е втора титула во Лигата на шампионите, откако прват ја освои во 2016 година со ЧСМ Букурешт.