Гудме во проблеми, без еден од најдобрите против Еурофарм Пелистер

Екипата на Гудме која е противник на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа на 27 октомври во 2. коло нема да може да смета на еден од своите најдобри ракометари. Мортен Олсен е повреден и ќе биде извесен период надвор од терените.

Олсен го има повредено малиот прст на десната рака за време на тренинг во теретана и морал итно да иде опериран.

Според она што го соопштуваат лекарите добрата вест е што навреме се интервенирало бидејќи доколку задоцнеле со интервенцијата тоа можело да го чини кариера.

Без него Гудме не е истиот тим, па ова нови многу проблеми за тренерот на овој тим.

„Прстот беше целосно скршен и висеше само на кожата. Лекарите во болницата прво рекоа дека мора да биде ампутиран, но за среќа успеав да ги убедам да го спасат“, вели Мортен Олсен.

Првата средба меѓу Гудме и Еурофарм Пелистер се игра во Данска на 27 октомври, а во Битола ќе биде на 16 февруари следната година.