Тимот на Бутел Скопје го очекува историското деби во европските купови. Избраниците на Кристијан Грчевски ќе се соочат со незгодниот украински вицепрвак ЗТР Запорожје в сабота на домашен терен, а реваншот ќе биде следниот викенд.
„Немаме многу информации за противникот, па не можам да кажам нешто повеќе околу очекувањата од овој двомеч. Ние ќе играме ракомет, играчите ќе се борат за што подобар резултат на првиот натпревар. Сакаме да се претставиме во убаво светло и да одиграме онака како што знаеме, на високо ниво, кое што доликува на екипа како Бутел. Не знам каков резултат би ни бил доволен за пласман понатаму, има и реванш сепак. Како и да е, ние ќе одиме на победа со тимска и борбена игра“, изјави Грчевски.
Натпреварот меѓу Бутел Скопје и ЗТР Запорожје, кој е дел од второто квалификациско коло од Купот на ЕХФ ќе се игра утре во СРЦ „Кале“ со почеток во 18:30 часот.