Селекцијата на Саудиска Арабија го освои сребрениот медал на 13 издание на Арапските игри кои се одржаа во Алжир.
Селекцијата предводена од Зоран Кастратовиќ, а во чиј стручен штаб е Кристијан Грчевски кој е „десна рака“ на Кастратовиќ, загуби во финалето од Катар со 38-24.
Во битката за бронзениот медал домаќинот Алжир, кој славеше против селекцијата на Иран со 31-29.
Грчевски сега го очекува втор голем предизвик ова лето – настапот на Европското првенство за кадетки во Црна Гора од 3 до 13 август.