Грците се оптимисти: Ќе имаме доволно време да ја анализираме Македонија

Македонија ќе игра против Грција, Исланд и Литванија на квалификацискиот турнир за место во баражот за Светското првенство во Шпанија, кое ќе се одржи во 2021 година.

Право на организација на турнирот има нашиот јужен сосед, а доколку се откаже тогаш РФМ може да биде организатор.

Грчкиот селектор Панајотис Месинис вели дека посакува чеккор напред за женскиот ракомет.

„По пандемијата сите тимови ќе имаат иземент лик и не можеме да го знаеме што можат. Сите ривали ќе бидат тешки за нас, бидејќи доаѓаме од последниот шешир, но сакаме да направиме чекор напред за женскиот грчки ракомет. Сигурен сум дека моите ракометарки ќе бидат подготвени за натпреварите и ќе успееме да обезбедиме место во баражот. Нашите ривали доаѓаат од Балканот, Скандинавија и Источна Европа, ситесе од различна школа. Ќе имаме доволно време да ги простудираме Македонија, Исланд и Литванија“, вели Месинис за Greek Handball.

Натпреварите ќе се играат од 27 до 29 ноември или од 4 до 6 декември, а прво и второпласираните на квалификациските турнири ќе обезбедат место во баражот.