Поранешниот шампион на Македонија, Куманово, кој започна со подготовките за новата сезона, задржа уште двајца играчи од минатогодишниот состав.
Во тимот на Славиша Димитријески останува голманката Симона Грујовска и левиот бек Сара Богојеска.
Двете ракометарки во составот на Куманово пристигнаа во ланската сезона и ги оправдаа очекувањата на раководството на клубот.
Нови засилувања во тимот се Адела Еленин, Нена Нестороска и Јана Ѓошевска. Куманово претходно ја продолжи соработката со Сузана Зечевиќ и искусната Габриела Величковска.
Ракометарките на Куманово минатата сезона завршија на второто место во Женската лига и стигнаа до титулата во Купот на Македонија.
Покрај настапот на домашна сцена, тимот на Куманово ќе биде активен и на меѓународна сцена со настапот во Европскиот Куп.