Грујовски со златен гол – Скопје со втор триумф во серија (ВИДЕО)

Ракометарите на Прилеп и Скопје одиграа многу интересен и неизвесен дуел кој на крај го добија гостите со 26:27. Победникот на дуелот се одлучуваше во последните моменти, а подобро се снајдоа играчите на Скопје. Откако Прилеп преку Чантурија израмни на 26:26 во последната минута, Велимир Грујовски во последниот напад на Скопје донесе победа. Средниот бек иако шутираше со десна рака од позиција на десен бек успеа да постигне гол и да донесе голема радост за својата екипа. Победничкиот гол може да го погледнете во следното видео.