Групата А во Првата лига доби нови термини, првиот турнир во Кичево

Со натпреварите од 1. коло кои би требало да бидат одиграни в недела стартува есенскиот дел од сезоната во Првата машка лига, но системот за натпревари претрпе измени и место 14 ќе бидат одиграни само седум кола.

Распоредот останува ист, но средбите ќе се играат турнирски. Секое коло ќе биде во еден град, па оттаму во Групата А натпреварите стартуваат во Кичево.

Потоа домаќин ќе биде тимот на Јехона во Гостивар, па Преспа во Ресен, додека 4. коло ќе се игра во Скопје на теренот на Риниа М.

Во Скопје ќе се играат и 5. и 6. коло во кое домаќини ќе бидат составите на Драчево и Аеродром, додека финишот ќе биде во Велес каде организатор ќе биде тимот на Борец.

Единствениот клуб кој нема да биде домаќин на натпреварите од есенскиот дел е дебитантот Шампион. Инаку, организаторите на турнирите беа одредени со ждрепка.