Ќе потпише нов договор, ама ако остане бремена – договорот не важи

Според романскиот медиум „ГСП“ интернационалката од Хрватска, Јелена Грубишиќ би требало да остане и следната сезона меѓу стативите на ЧСМ Букурешт.

Искусната голманка сакаше да си замине од Романија и да се врати во Хрватска. Сепак, Грубишиќ во последен момент ја смени одлуката и го прифати новиот предлог од челниците на клубот.

Во новиот договор на Грубишиќ и ЧСМ Букурешт има клаузула. Имено, доколку голманката остане бремена, би можела веднаш да го раскине договорот со клубот од романската престолнина.

Во новата сезона во ЧСМ Букурешт пристигнуваат две нови голманки, Тес Вестер од Оденсе и Мари Давидсен од Турингер.