Грос го скрши носот, ќе паузира пет недели

Официјалниот сајт на унгарскиот тим Ѓер, објави дека словенечката репрезентативка Ана Грос ќе мора да биде надвор од терените.

Словенката на дуелот со романскиот Рапид Букурешт, имаше судир со Орлан Канор, а подебелиот крај го извлече Грос.

Таа заработи повреда на носот и облеана со крв го напушти теренот, но се врати во финишот да му помогне на тимот. По лекарските прегледи беше констатирано дека е скршен носот, па Грос ќе мора да паузира пет недели.

Деспотовиќ и Братсет се на пауза откако станаа мајки, повредени во редовите на унгарскиот гигант се Вероника Кристијансен и Лине Хаугстед, па раководството на Ѓер, реши да ја активира Рафаел Тервел, која ја извршува и функцијата асистент тренер.