„Громовите“ удрија над Нашице – Голема драга меѓу Нексе и Силкеборг (ВИДЕО)

Ракометарите на Нексе остварија херојска победа во драматична и многу неизвесна завршница против екипата на Силкеборг со 32:26 и со овој триумф обезбедија пласман во групната фаза благодарение на гол повеќе постигнат во гости. Нексе имаше напад во последната минута за потврда на победата, но не реализираа. Силкеборг тргна во контранапад на десетина секунди до крај но домашните ракометари реагираа добро во одбрана и направија брз фаул со кој го спречија противникот да постигне погодок. Силкеборг имаше удар од 12-13 метри, но беше невозможно да се реализира и тимот од Хрватска се радуваше на победа и пласман во групната фаза. Завршните моменти од натпреварот погледнете ги во видеото.