Екипата на Винтертур, во која настапува ракометарката од Македонија, Симона Гроздановска, на домашен терен беше поразена од Амичитија Цирих со 33:27, во натпревар од 3. коло од шампионатот на Швајцарија.
За Винтертур ова беше втор пораз во низа, претходно, односно во второто коло екипата на Гроздановска беше поразена од Нотвил, додека во првото коло триумфираше против Зуг.
Во натпреварот против Амичитија Цирих, Симона Гроздановска повторно беше во главна улога на теренот. Македонката ги предводеше стрелците во својата екипа со седум гола и имаше поделено неколку асистенции кон своите соиграчки.
Во следното, четврто коло, екипата на Винтертур ќе игра против составот на Тун, кој во претходните три кола не успеа да запише победа.