Ракометарката од Македонија, Симона Гроздановска заедно со екипата на Винтертур одиграа нерешено против Ротвајс Тун, 28:28, во натпревар од шампионатот на Швајцарија.
Винтертур во последната секунда доби пенал, кој беше успешно реализиран од Гроздановска за реми во дерби натпреварот.
Во поголемиот дел од средбата, Ротвајс Тун имаше предност, но во завршниот дел, Гроздановска и колешките се изборија за голем бод.
Гроздановска беше најефикасна во домашната екипа со осум погодоци. Македонката речиси беше непогрешлива од линијата од седум метри, постигна четири погодоци од пет обиди.
Екипата на Винтертур се позиционираше на 4. позиција на табелата со 13 освоени бодови.