Македонската интернационалка Симона Гроздановска полека влегува во историјата на швајцарскиот клупски ракомет.
Гроздановска минатиот викенд го постигна 600. погодок на стартот на нејзината петта сезона во Швајцарија.
Десниот бек ја игра третата сезона во Винтертур, а вкупно петта во Швајцарија, откако претходно настапуваше и за Амичитија Цирих.
Гроздановска во Македонија играше за Кале Кичево, Металург, Кабран Амбалажа, Tутунски Комбинат Бренд, a настапуваше и за турската Муратпаша и грчкиот ПАОК.