Во натпревар од плеј-оф фазата во швајцарскиот шампионат во женска конкуренција, Винтертур на Симона Гроздановска доживеа убедлив пораз од актуелниот лидер, Зуг, со десет гола разлика, 35:25.
Гроздановска повторно одигра одлична партија во дресот на Винтертур и со десет постигнати погодоци беше најефикасна на натпреварот. Ракометарката од Македонија во претходното коло, односно на натпреварот против Нотвил постигна 15 погодоци.
Винтертур веќе ги загуби шансите за шампионската титула и најверојатно сезоната ќе ја заврши на 4. позиција на табелата.
Во следното коло, Гроздановска и нејзините соиграчки повторно ќе играат против Зуг, но овој пат на домашен терен.