Македонската интернационалка, Симона Гроздановска заедно со нејзината екипа Винтертур во натпревар од шампионатот на Швајцарија славеа на гостувањето кај Ротвајс Тун со три гола разлика, 29:26.
Гроздановска повторно одигра одлична партија, беше најефикасна во својата екипа со 11 постигнати гола од 15 обиди.
Победата над Ротвајс Тун беше важна за Гроздановска и нејзините колешки бидејќи со новите освоени бодови, Винтертур се позиционираше на 4. позиција на табелата, но поради малата разлика во бодовите има големи шанси да се бори за првите три позиции на табелата.
Винтертур во следното коло од домашниот шампионат на свој терен силите ќе ги одмери со еден од тимовите кои претендираат за висока позиција, а тоа е екипита на Кројзлинген.