Екипата на Винтертур, во која настапува интернационалката од Македонија, Симона Гроздановска, во натпревар од шампионатот на Швајцарија беше минимално поразена од составот на Херцонгенбуше со 25:24.
Гроздановска на овој натпревар повторно влезе во свој елемент и постигна 11 погодоци. Сепак, добрата партија на ракометарката од Македонија не беше доволна за поволен резултат на нејзината екипа.
Во досегашниот тек на сезоната, Гроздановска на вкупно 12 натпревари постигна 103 погодоци, а на пет од нив, запиша 11 погодоци. Моментално, Гроздановска, се наоѓа на второто место на листата на стрелци во швајцарскиот шампионат.
Во минатата сезона, Гроздановска беше прогласена за најдобар стрелец во Швајцарија. На 20 одиграни натпревари имаше постигнато 167 погодоци.
Екипата на Винтертур по 12 одиграни кола се позиционираше на 4. позиција на табелата со 13 освоени бодови.