Ракометарите на ГРК Тиквеш без проблеми дојдоа до победа над Шампион од 34:23 и до пласман во осминафиналето од Купот на Македонија.
Во натпревар во кој сè беше решено уште во првото полувреме фаворитот ги оправда очекувањата така што на крајот од средбата немаше никакви дилеми кој ќе дојде до пласман во следната рунда.
Првото полувреме беше доволно за да може да се оствари пласман понатаму, па во вториот дел предноста беше само повеќе зголемена за двоцифрена разлика на крајот.
Ова беше натпревар на кој за ГРК Тиквеш на официјален натпревар дебитираше новиот тренер, Горан Андоноски и со него кавадарчани ќе се обидат да дојдат до позитивен епилог односно опстанок во Супер машката лига.
ШАМПИОН – ГРК ТИКВЕШ 23:34 (9:17)
Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.
ШАМПИОН: Ивчески, Манојлоски, Мишоски, Игнов 3, Кочаров 1, Даев 1,Стефановски, Јанаќиевски 1, Налетовски, Мојсовски 1,Миланов 7, Стојановски 3, Олтовски 1, Сарашов 1, Дрпљанин 4, Ацев.
Седмерци: 3/6, Исклучувања: 8 мин.
ГРК ТИКВЕШ: Стојаноски, Иванов, Медиќ 3, Смиљаниќ 8, Јанчев 9, Коцев 1, Петров, Окардов, Гошевски 6, Лазов 2, Колоски, Ѓоргиевски 2, Велков 1, Симиќ 1, Илиевски, Кондев 1.
Седмерци: 3/4, Исклучувања: 4 мин.