Грешките скапо платени – првата битка загубена, војната за СП продолжува (ФОТОГАЛЕРИЈА)

makedonija – ukraina zeni

Женската репрезентација на Македонија на првиот бараж дуел за пласман на СП 2023 беше поразена од Украина со 24:22. Ракометарките на Македонија иако одиграа лошо во првото полувреме, сепак, во вториот дел се вратија во игра и се изборија за минимален пораз. Најефикасна во Македонија беше Сара Ристовска со осум погодици, три реализации имаа Моника Јанеска и Јована Саздовска, двапати во листата на стрелци се запишаа Ивана Гакидова, Елена Ѓорѓиевска и Бојана Коцева, додека Бојана Диневска и Леонида Гичевска погодија еднаш во голот на гостинската репрезентација. Реваншот ќе се одигра во Унгарија, поточно во градот Кишварда на 11 април од 17:00 часот.