Црна Гора славеше во драматичен натпревар против Франција по две продолженија со 27-25 и го освои бронзениот медал на Европското првенство.
Средниот бек Итана Грбиќ, која заработи црвен картон во последните секунди од регуларниот дел, вели дека пресудил карактерот и црногорското срце.
„Се чувствувам најлошо на светот во моментот кога добив црвен картон и се прашував ‘Боже зошто јас’. Бев убедена дека тоа не е за црвен картон, дури им реков и на судијките да гледаат снимка, и тие донесоа одлука. Единствено што ми остана е да се помирам и да верувам дека можат без мене. Заслуживме на крајот да победиме. Нашето срце е поголемо од француското. Повеќе од нив го посакувавме овој медал. Пресуди карактерот и црногорското срце“, вели Грбиќ.
Црна Гора со овој бронзен медал обезбеди место на Светското првенство во 2023 година во Данска, Шведска и Норвешка.