Од двајцата репрезентативци на БиХ кои играат за Еурофарм Пелистер, еден ќе стартува со натпреварите на Европското првенство бидејќи пред заминувањето Елмир Граџан беше позитивен на тестот за Ковид 19.
Граџан е еден од четворицата позитивни, а на списокот се уште и Адмир Ахметашевиќ, Дино Хамидовиќ и Ален Овчина. Тие остануваат дома во изолација и ќе почекаат негативен тест и дозвола да се придружат.
Сепак, Ивица Обрван има добар состав со кој ќе се обиде да стигне до позитивен резултат против Шпанија, Шведска и Чешка.
Во составот се најдоа:
ГОЛМАНИ: Бењамин Буриќ, Небојша Бојиќ.
КРИЛА: Владо Драганиќ, Енес Кешкиќ, Ибрахим Хасељиќ, Лука Периќ.
БЕКОВИ: Един Клис, Мирко Херцег, Никола Прце, Мирсад Терзиќ, Јосип Периќ, Милан Вукшиќ, Иван Карачиќ, Марко Лукиќ, Дејан Малиновиќ.
ПИВОТИ: Владимир Врањеш, Сењамин Буриќ, Адин Фаљиќ, Драган Шољиќ.