Граџан: Оставивме срце на терен…

Ракометарите на Еурофарм Работник го совладаа унгарскиот гигант Веспрем со 26-24 во третото коло од регионалната СЕХА лига и најавија дека може да се надигруваат и со екипите од Лигата на шампиони.

Пивотменот Елмир Граџан, кој имаше значајна улога во нападот, вели дека тој и соиграчите го оставиле срцето на терен.

„Би сакал да им се заблагодарил и да ги поздравам моите соиграчи кои оставија срце на терен. Навистина беше тежок меч, особено по несреќниот пораз во Шпанија. И благодарам на публиката од Битола на која и покажавме дека можеме да се надигруваме и со поквалитетни и со поголеми екипи од нас“, изјави Граџан.

Следен предизвик за „фармацеветите“ ќе биде гостувањето кај Загреб в сабота.