Еурофарм Пелистер утре го очекува реваншот против Нексе во Битола и битолскиот состав се надева дека пред домашната публика ќе ги надполни трите гола негатива од првиот натпревар.
Месец април е и тоа како важен за Еурофарм Пелистер, утрешниот натпревар е едниот од двата најважни досега во сезоната. Така смета и ракометарот на „пелистерци“ Елмир Граџан.
„Во овој месец играме два многу важни натпревари, едната е награда за цела сезона, титулата да ја вратиме во Битола после 15-16 година на 30. април. Но пред тоа тука е натпреварот од Лигата на Европа со Нексе, ќе се бориме, тоа можам да го ветам на сите наши фанови. Сакаме да ги надополниме тие три гола негатива од Хрватска и се надеваме дека на крајот ќе бидеме победници“.
Граџан верува дека со поддршката од публиката можат до позитивен резултат.
„Во Нашице одигравме еден динамичен натпревар, а во Битола можеме да очекуваме пеколна атмосфера од нашите навивачи кои секогаш ни даваат крила, па сакаме да ја искористиме таа предност на домашениот терен и да ги стигнеме тие три гола негатива“
Враќањето на капитенот Јосип Периќ секако значи многу за тимот.
„Секако дека враќањето на секој играч е добро, посебно ако е тоа некој како Јосип кој за овој тим значи многу, тој е наш лидер и капитен“, изјави Граџан.
Натпреварот се игра утре од 18:45 часот.