Граховац: Оптимисти сме против Еурофарм Пелистер, се надеваме на најдобро

Денеска екипата на ППД Загреб го пречекува Еурофарм Пелистер во натпревар од СЕХА лигата, а очекувањата и на двете страни се да се дојде до победа. Шампионот на Хрватска се надева дека ќе успее да влезе во победничка серија.

Ракометарот Никола Граховац вели дека се подготвени и дека знаат со кого се соочуваат денеска.

„Добро ги анализиравме. Се работи за тежок противник против кој очекуваме доста тежок натпревар. Сепак, веќе игравме против оваа екипа во подгортовките месецов и после таа победа имаме доволно самодоверба и веруваме во добар резултат. Покрај тоа неделава имавме победа против Татран и со оптимизам влегуваме во овој дуел и е надеваме на најдобро“, изјави Граховац пред дуелот против Еурофарм Пелистер.

Натпреварот се игра денеска од 20 часот во Загреб.