Ракометарите на КЛ 7 освоија три бода на дуелот против Јуниор Кисела вода победувајќи со 30:18 во натпревар во кој беа во поголема предност уште од 5. минута.
После ремито во последната секунда во Струга, сега беше фатен добар ритам и обезбедана победа така што тимот на КЛ 7 најавува подобри натпревари во продолжение од сезоната.
Неизвесноста на оваа средба траеше само неколку минути. Откако домашните поведоа со 1:0 гостите вратија со два гола, но потоа како да застанаа. Од 4. до 11. минута немаа ниту еден погодок, а потоа следниот дојде во 20. минута.
Овој момент играчите на КЛ 7 го искористија за да стигнат до предност од седум гола и веќе водеа со 10:3 така што беше тешко да се продолжи. Предноста растеше, но на одмор се замина со со 15:7.
Во продолжение немаше ништо ново. Обидите на гостите да се вратат и да израмнат не даваа резултат. Тие не успеаја да намалат туку домашниот состав стигна и до плус десет гола разлика што овозможи во завршницата да се одигра мирно.
Денеска КЛ 7 одигра подобро од својот ривал така што победата беше заслужена и секако ќе биде мотив плус за средбите кои следуваат во Групата А од Супер машката лига. Тимот на Јуниор Кисела вода, пак, после триумфот над Астраион не можеше да го одржи истиот ритам, па рано се помири со пораз на оваа средба.