Во Охрид овие два дена се одржува првото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“, со учество на домаќинот Охрид и уште три екипи.
Пред почетокот на второто полуфинале меѓу домаќинот и Тиквеш, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, им додели сувенир на неговите внуци Крсте и Даниел Андоновски.
Тие двајца заедно со Горан Андоновски, ја продолжија низата на успешни ракометни работници од семејството Андоновски.
Во финалето на турнирот за првиот трофеј ќе се борат Тиквеш и Партизан, додека во мечот за трето место ќе играат Пролет и Охрид.