Македонскиот чувар на мрежата Градимир Чаневски, денеска ќе добие големо признание за минатата сезона.
Во изборот на националната федерација на Израел, во кој гласаа тренерите на сите екипи, Чаневски е прогласен за најдобар голман.
Тој со Макаби Ришон Ле Зион стигна до титулата во Израел по финалната серија со Хапоел Ашдод во која имаше одлични партии.
Денеска во Тел Авив на свеченост ќе бидат доделени признанијата за сите ракометари што се најдоа во идеалниот тим, а меѓу нив и колегата на Чаневски, Иван Карачиќ.
Утре стартува новата сезона во израелскиот шампионат, a Чаневски и Макаби Ришон дома ќе играат против Макаби Аразим Рамат Ган.