Екипата на ПИК Сегед ја одбрани шампионската титула во Унгарија откако во финалниот двомеч беше подобра од најголемиот конкурент Веспрем со гол во последните моменти од натпреварот.
Веспрем беше на чекор до враќање на тронот во домашното првенство, во првиот меч победи со еден гол разлика, а во реваншот на 20 секунди до крај имаше нерешено и напад но дозволи да прими гол и да ја испушти титулата.
Стрелец на клучниот гол беше пивотот Миклош Роста на само две секунди до крај на натпреварот.
Управата на клубот во знак на благодарност и сеќавање му подари дрес на кој што е испишано времето на постигнување на победничкиот гол вреден титула.
ГОЛ вреден титула: Како ПИК Сегед го сруши Веспрем и замолкна 6.000 навивачи! (ВИДЕО)