Прославениот хрватски голман Мирко Алиловиќ по десет сезони ја напушта Унгарија и и ќе има нов предизвик во кариерата.
Хрватски „Германијак“ тврди дека бил посакуван и во Македонија, но актуелниот голман на ПИК Сегед ќе ја продолжи кариерата во полската Висла Плоцк, со која потпиша договор на две сезони.
За Алиловиќ имаше интерес и од португалскиот Порто, романскиот Динамо Букурешт, српската Војводина и некои германски клубови сепак тој се реши за Висла Плоцк.
Таму веќе играат тројца Хрвати – Ловро Михиќ, Леон Шушња и Тин Лучин, па ќе има мала хрватска колонија во клубот.
Алиловиќ претходно ги бранеше головите на Извиѓач, Адемар Леон и Целје.