Српскиот десен бек Немања Зеленовиќ во новата сезона ќе ги брани боите на бундеслигашот Вецлар.
Иако српските медиуми го поврзуваа со трансфер во Македонија, во еден од двата најдобри клубови – Еурофарм Пелистер и Вардар, сепак до тоа нема да дојде.
Бундеслигашот каде асистент тренер е Филип Миркуловски, реши да го ангажира Зеленовиќ како замена за повредениот Јовица Николиќ.
Тој имаше повреда на рамото и пропушти голем дел од минатата сезона, но ги мина лекарските прегледи во Вецлар и од утре ќе му се стави на располагање на тимот.
33-годишниот Србин има големо искуство во Бундес лигата бидејќи играше за Гепинген, Гумерсбах и Магдебург, а претходно беше дел и од Висла Плоцк.