Го отпуштија тренерот на ден до старт на првенството, на негово место дојде екс македонски селектор!

Шампионот на Грција, АЕК Атина, пред почетокот на сезоната во грчкиот шампионат одлучи да ја прекине соработката со довчерашниот тренер Алексис Алванос.

На негово место дојде поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Драган Ѓукиќ, кој до скоро ја водеше селекцијата на Израел.

Алванос тренерската функција во АЕК Атина ја презеде пред една сезона и зацртаните цели кои клубот ги имаше на домашна и европска сцена не беа целосно остварени.

АЕК Атина во минатата сезона не успеа да направи забележителен резултат во Европскиот Куп и во третото коло беше елиминиран од Алингсас. На домашна сцена ја освои само титулата.

Тимот во кој настапува и некогашниот лев бек на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ, пред неколку дена загуби од Олимпијакос со 26:25 во битката за Супер Куп трофејот.

Се претпоставува дека токму поразот од Олимпијакос е главната причина за заминувањето на Алванос од грчкиот шампион.

Денеска АЕК Атина во првото коло од националното првенство силите ги одмери со Пијала и славеше со гол разлика, 22-21.